(Прв дел) Дваесет прилепски пензионери уживаат, а 16.000 преживуваат – Политички игри со многу пари?

Фрапантни сознанија за лицемерната борба на добро ситуираните пензионери за повисоки пензии, деновииве стасаа до нашата редакција од добро упатени “свиркачи”.

Целосната партизација на раководствата на здруженијата на пензионери, кадровските партиски решенија и координацијата со врвот на СДСМ, се мотивот за страшен револт кон раководствата во градовите.

Неофицијално координатор на овие преговори за повисоки пензии бил пратеникот Илија Николовски, кој има месечна плата од над 70.000 денари?

Еве некои факти за кои “свиркачите” тврдат дека се точни, а се однесуваат на прилепското здружение:

Наводно, во прилепско има околу 16.000 пензионери, кои месечно изделуваат по 160 денари за фондот, од кои дел се враќаат во здружението.

На сметката на прилепското здружение во 2018. год. имало фантастични 500.000 ЕВРА? Прашањето е каде се трошат тие пари? Зошто не се донираат за старскиот дом на пример, за изградба на нова ламела, или во друг проект во интерес на пензионерите?

Пред неколку години купиле објект во населбата “Точила” вреден 30.000 евра, кој не ја оправдал својата функционалност.

Едноставно 200 пензионери имаат бенефит, а другите 16.000 се чувствуваат изманипулирани. Зошто? Бидејќи неофицијално Претседателот на прилепските пензионери добива 15.000 денари месечен надоместок, а на платен список се и секретарот и благајникот…?

Плус овие средства, се добиваат и други надоместоци. Извршниот одбор на пензионерите брои 19 членови кои добиваат по 1.300 денари надоместок за состанок, кој пак не трае повеќе од еден час?

Претседателот на ИО добива 5.000 денари надоместок, иако тврдат дека е нестатутарно избран и самоволно му е зголемен паушалот….Неофицијално се работи за родител на прилепски политичар.

Во следниот дел од сторијата ќе ги потенцираме приходите од деловните објекти кои се огромни, како се исплаќале средства пред избори и други кадровски решенија во Прилеп, но и прилепчани на републичко ниво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.