Колку и да се трудеше да се прикаже како невин, пратеникот Павле Богоевски не ги издржа притисоците од јавноста, по објавениот разговор во кој тој нарачува половина грам. Тој денеска си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието.
“Одлуката ја соопшти предмалку на седницата на Комисијата за мандатното имунитетна прашања во Собранието, на која се одлучува за мандатот на Никола Груевски. Богоевски беше претседател на комисијата.
-Колеги пратеници останете верни на принципите. Знам дека политиката е валкана игра”, изјави Богоевски.
Тој додаде:
“Гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде мојот последен глас. Оваа одлука ја донесов кога се самопријавував во полицијата . Јас сум сторил незаконски акт. Мојата пратеничка функција не сакам да ја злоупотребувам во истрагата. Благодарам за честа да ви служам како пратеник. Оставката стапува по гласањето на пленарната седница за одземање на мандатот на Никола Груевски”.
Пратеничката Невенка Станковска претходно побара мерки против Богоевски, но пратеничката група од опозицијата стивна кога Богоевски излезе на говорница и ја објави оставката.
По оставката на претседателот Павле Богоевски седницата на комисијата е прекината, а со неа во иднина ќе претседава неговата заменичка Снежана Калевска Ванчева.