Пратеникот од владејачката коалиција Рубин Земон се сомнева дека големата трагедија која што и се случи на Македонија е нарачана од странство.
Пратеникот на Фејсбук напиша дека постои можност вчерашната автобуска несреќа, во која официјално загинаа 15 лица, а неколкумина се борат за живот, да е нарачана од странство.
Според него треба да бидеме претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, бидејќи можно било на некои сили тоа да не им одговара.
– Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара.
Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективната тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку “будни” и внимателни! – напиша пратеникот.