“Пратеник од Неготино “заразен” со вирусот непотизам? Напаѓа само функционери од СДСМ??”

Прогласената епидемија на непотизам алармантно се шири додека институциите спијат. Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле, ова денеска на прес-конференција го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дека непотизмот не е еден случај и единствен, туку е начин на работење на СДСМ говори и примерот со пратеникот на СДСМ од Неготино Ристе Ташев, чија што сестра Катерина Јорданова се вработила во Основното Училиште Страшо Пинџур. Прашуваме, кој е критериумот според кој токму сестрата на пратеникот од СДСМ е вработена, а не некој друг? Сигурни сме дека не била единствена за таму и сигурни сме дека во огласот не пишувало во делот на критериумите – да биде сестра на Ристе Ташев. Нов ден, нов пратеник од СДСМ заглавен во непотизам. Страшно! Да потсетиме и дека во Неготино градоначалникот Тони Делков избран од граѓаните на Неготино ја вработи сопругата Надица Делкова во Основното Училиште Гоце Делчев, кое е директно под неговите ингеренции. Што уште треба да кажеме за Заев и СДСМ да признаат дека јавниот сектор го претворија во семејно-партиска фирма во која се вдомуваат најблиските роднини и тоа за жал на сметка на граѓаните кои остануваат без егзистенција и без можност за вработување и секојдневно тонат во сиромаштија, додава Арсовски.

Тој истакнува дека јавноста со право се прашува колку државни пари се одлеваат во семејните буџети на функционерите на власта и уште колку нивни роднини станаа вработени во државни фирми, институции, агенции, управи, општински органи и слично. Или обратно да прашаме, уште колку роднини на функционерите останаа невработени за да се вработат и тие? Сигурно се бројат на прсти.

-Лажниот концепт на Заев „Живот за сите“ јавноста го виде на дело. Тој концепт се претвори во “Живот за раководството на СДСМ“. Граѓаните, а посебно поддржувачите на СДСМ сфатија дека овој криминален картел на власт гледа само како да ги вработи своите сестри, мајки, браќа, баби, дедовци, внуки и сите останати на врхушката од власта, а тие на кои нема да им вработи ниту еден близок ги дарува со грантови, тендери или јавни набавки секојдневно без срам и перде. Ова граѓаните ќе го казнат на престојните избори, затоа што само гласањето против СДСМ е лекот за оваа епидемија којашто се шири секојдневно, завршува Арсовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.