Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе биде осум.
Во петок ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела се очекува локален пороен дожд и ретки грмежи.