Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на изминатиот викенд а во рамки на контролата на сообраќајот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи, извршија засилени контроли на подрачјето на СВР Битола.
Притоа, контролирани се 1243 возачи, од кои 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, детектирани се 14 нерегистрирани возила, тројца возачи не користеле сигурносен појас.
Исто така 32 возачи управувале со неприлагодена брзина, а технички неисправни биле седум возила, додека шестмина возачи се санкционирани заради користење на мобилен телефон при управување со возило.