Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 02.04..2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас…
Притоа, контролирани се вкупно 410 возила и возачи и било констатирано дека осум возачи ја пречекориле дозволената брзина, четири возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило, еден возач не користел сигурносен појас, а 15 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.