Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Од попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од девет до 15 степени.
Локални врнежи ќе има и во недела претпладне, како и кон крајот на денот и во вечерните часови. Во деновите од викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.
Од понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови.