Почина претепаниот навивач во Скопје

Дваесет и едно годишниот Никола Саздовски кој на 29-ти минатиот месец беше физички напад, им подлегнал на повредите. Преку социјалните мрежи неговите блиски и пријателите се простуваат од младиот Никола.

Во полицискиот билтен на 30-ти минатиот месец, МВР објави дека претходниот ден на 29-ти во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.

-По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, информираа тогаш од полицијата.

Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Б.Б.(20), С.Д.(21) беа лишени од слобода и одредена им беше мерка притвор.

Младиот Никола по нападот поради тешките повреди беше хоспитализиран на КАРИЛ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.