Почина кралицата на соул музиката

Арета Френклин, кралицата на соул музиката која стана првата жена што влезе во Рокенрол холот на славните, почина во Детроит на 76 години.

На легендарната пејачка во 2010 година и беше дијагностициран рак на панкреас, а лани објави дека се пензионира од музиката.

Родена во 1942 година, Френклин ја освои титулата „Кралица на соул музиката” за нејзините музички дела од крајот на 60-тите години. Откако се пријавила на „Атлантик Рекордс” во 1967 година, таа постигнала огромен успех со песните „Spanish Harlem“, „I Say a Little Prayer“ и „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman.”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.