На Кројф есента минатата година му беше дијагностициран рак на белите дробови, што било последица на пушење на цигари.
- После неколку медицински третмани можам да речам дека резултатите се многу позитивни. За тоа можам да им се заблагодарам на лекарите, поддршката од луѓето и мојот позитивен менталитет. Моментално имам чувство дека водам со 2-0 во првото полувреме. Утакмицата сеуште не е завршена, но сигурен сум во конечниот исход, изјави пред 2 недели.
Три пат е прогласуван за најдобар европски играч (1971. 1973, 1974), повеќекратен клубски првак на Европа како играч и тренер, финалист на Светското првенство и освојувач на повеќе државни првенства во земјите во кои играше.
Беше препознатлив по ставот и водењето на топката и типичен претставник на тоталниот фудбал, доктрина на седумдесетите години на минатиот век.
Со Ајакс ги освои насловите европски првак во 1971,1972 и 1973година, а после преминот во Барселона го освои и насловот шпански првак, како и купот на Шпанија. Потоа играше за Los Angeles Aztecs,Washington Diplomatse, Леванте, па повторно во Ајакс и Фејнорд.
Најголемиот успех го постигна со Холандија и тоа финале против Западна Германија на Светското првенство 1974 година.
Како тренер го одведе Ајакс до две титули во Холандија и победник на Купот на куповите во 1987 година. После тоа во 1988 година ја презеде Барселона, а четири години подоцна со Каталонците ја освои и првата титула Европски првак.
A.Г.