Почекала да помине време: Сопругата му ја исполни последната желба на Бата Живоиновиќ

Screenshot_1-31

Велимир Бата Живоиновиќ почина на 22 мај оваа година на 82-годишна возраст, после долга болест. Неговата сопруга Лула, одлучила да му ја исполни неговата голема желба.

Во нивниот дом, Лула го угостила сликарот Мане Трбовиќ, кој го насликал портретот на легендата на српското глумиште.

Трбовиќ и го предал портретот на сопругата на Бата пред неколку дена. Смртта на познатиот глумец била причина што тоа не го сторил порано.

“Лула знаела дека Бата се допишувал со сликарот и дека го фалел. Била упатена за неговата желба да го има тој портрет на кој е насмеан, па затоа откако поминало малку време од смртта на нејзиниот сопруг, го повикала уметникот во својот дом. Веднаш одбрала место во дневната соба, каде ќе стои портретот.Жал и е што не дочекала да нејзиниот сопруг ја виде сликата на ѕидот, но и е драго што му ја исполнила последната желба”, рекол извор близок до семејството.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.