Кога сите овие играчи би се собрале, Роналдо и Меси би ги купиле сите со неколку месечни плати.
Додека некои се платени со тешки милиони, а не работат ништо специјално на теренот, други вредно одработуваат и се трудат да го заработат секој денар и играат многу, многу подобро.
Тоа е чест случај во денешниот фудбал. Сепак, големите великани направиле и големи грешки на фудбалскиот пазар, од кои се срамат.
Меѓутоа, овој пат, за разлика од оние најскапите и најекстравагантните, се решивме да ве потсетиме на оние играчи кои во нивните клубови пристигнале за “ситница”, а се покажале како дијаманти.
10. Ријад Махрез – Од Ле Авр во Лестер за 500.000 евра
Феноменалниот Махрез е еден од најзаслужните за трофејот на Лестер во Премиер Лигата.
2. Хенрик Ларсон – бесплатно пристигна во Барселона
Искусниот голгетер донесе и повеќе од тоа што се очекуваше за Каталонскиот гигант.
8. Роберт Левандовски како слободен играч потпиша за Баерн Минхен
Што повеќе да се каже за играчот кој може да постигне 5 голови во 9 минути.
7. Андреа Пирло исто така без обештетување пристигна во Јувентус
Мајсторот за слободни удари, неповторлив освојувач на женските срца.
6. Ијан Рајт бесплатно потпиша за Кристал Палас
Многуте постигнати голови во понизок ранг го испратија во Арсенал, каде стана еден од најдобрите стрелци на тој клуб во историјата.
5. Естебан Камбиасо, за џабе во Интер
Нема кој не го сака келавиот Аргентинец.
4. Николас Анелка- за 630.000 евра од ПСЖ во Арсенал
Со свои 17 години премина во Аресенал и одигра 3 одлични сезони, особено последната во која постигна 17 погодоци.
3. Алесандро Дел Пиеро – од Падова во Јувентус за 275.000 евра
За тоа време тоа не било баш мал трансфер, но ако се соберат сите успеси на Дел Пиеро, тоа е најдобриот трансфер на сите времиња за “Старата Дама”.
2. Пол Погба – бесплатно од Манчестер Јунајтед во Јувентус
Погба денес вреди повеќе од 80 милиони евра.
- Петар Шмајхел – Од Бронби во Манчестер Јунајтед за 635.000 евра
Неверојатните осум сезони за “црвените ѓаволи”, го претворија данскиот голман во еден од најдобрите во 20-от век.
А.Г.