Потпишана соработка: Казината “Голд Слот” ќе стипендираат студенти од Правниот факултет во Битола (ФОТО)

Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, претставуван од деканката проф. д-р Светлана Вељановска и “Голд Слот Клуб”, претставуван од раководителот на правниот сектор Томислав Дивјаковски, потпишаа меморандум за соработка.

-Во рамките на престојната соработка е планирано стипендирање на студенти, како и можности за практикантска работа на студентите од Правниот факултет. Оваа соработка ја нагласува огромната вредност што општествено одговорните компании можат да ја донесат во општеството, особено преку поддршка на образованието и професионалниот развој на идните академски граѓани – стои во соопштението од ПФК Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.