ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ТУРСКИ ТЕК: Русија и Турција започнуваат со изградба на Турски тек и нуклеарката „Акују“

Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган одржаа заедничка конференција за медиуми, по завршувањето на маргините на Светскиот енергетски конгрес во Истанбул

putin_erdogan

Договорот од руската страна го потпиша министерот за енергетика Александар Новак, а од туската министерот за енергетика и природните ресурски Берат Албајрак. Путин додаде дека во рамките на дискусијата за проектот Москва и Анкара исто така се договориле Турција да добие попуст на гасот.

По долгиот билатерален состанок на двајцата лидери, потпиан е договорот за гасоводот „Турски тек“, со цел да се убрза припремата за почетокот на изградбата. Потпишувањето на меѓувладиниот договор помеѓу Русија и Турција за гасоводот „Турски Тек“ ќе ја убрза имплементаицјата на проектот. Двете страни се договориле да ја интензивираат работата на нуклеарната електрана „Акују“, изјавил претседателот на Турција.

„Според овој само што потпишан меѓудржавен договор, одлучено е да се забрзаат работите на Турскиот тек. Другото важно прашање е нуклеарната електрана Акују. Тука е постигнат договор додатно да се забрза работата на нуклеарната електрана. Уверен сум дека ќе бидеме во состојба да го надополните изгубеното време во изминатиот период“, истакнал Ердоган. Претходно директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер соопшти дека договорот помеѓу Русија и Турција подразбира изградба на две линии на магистралниот гасовод по дното на Црното Море, а капацитетот на секоја линија е поголем од 15 милијарди кубни метри гас.
Се претпоставува дека снабдувањето со гас преку првата линија ќе биде во целост предвидн за турските корисници. Другата линија е предвидена за европскиот пазар, но нејзината изградба би можела да биде дури по добивањето на гаранции од Европската Унија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.