ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛОШТАД ВО КРИВОГАШТАНИ

ПЛОШТАД-702x336

За новогодишната прослава градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски им вети на своите граѓани дека 2015 беше успешна година за општината и најави уште поуспешна 2016 година со силно темпо на работа започнувајќи уште од првите месеци во новата година. Досега се потпишани 4 договори за започнување со изградба на канализациони мрежи во Крушеани и Славеј, изградба на улици со тротоари во Кривогаштани и Славеј, паркинг на зелен пазар и сега изградба на плоштад пред и до општинската зграда во Кривогаштани, која за краток временски период ќе добие нова адаптација на доградбата над кино салата и нова енергетски ефикасна фасада во модерен стил со што апсолутно ќе се промени ликот на општината.

Денес потпишан беше договорот за изградба на плоштадот кој е инвестиција од Центарот за развој на пелагониски плански регион во висина од 4.500.000 денари а изведувач ќе биде Стентон градба од Битола. Плоштадот ќе содржи урбана опрема, канделабри, клупи и цветни површини додека патеките ќе бидат изградени со терастон плочки на вкупна површина од 1400 метри квадратни.

За краток временски период се очекува завршување на процедурата и отпочнување со реализација на веќе одобрените проекти за изградба на зелен пазар, промена на веќе постоечкото улично осветлување со нови лед светилки на регионалните патишта кои поминуваат низ територијата на општината. Исто така се очекува на финализирање на постапката и отпочнување на реализација на проектите за асфалтирање на улици во Обршани,Кривогаштани, Бела Црква и Воѓани со инвестиција од Светска Банка и патниот правец Кривогаштани – Воѓани за кој веќе се работи на терен со пресметковни активности по кое завршување ќе се започне реализацијата на проектот.

DSCN9451-300x225 ПЛОШТАД-2-300x213




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.