Теории на заговор поврзани со Титаник постојат уште од неговото потонување, а една теорија тврди дека најпознатиот брод во светот е намерно потонат. Имено, последниве неколку години се повеќе се повторува теоријата на заговор поврзана со најпознатите светски фамилии од тој период кои сакале да започнат нов светски поредок, а Титаник им послужил за убивање на тројца мажи кои пловеле на него.
На бродот биле тројцата најмоќни луѓе во Америка, меѓу кои бил и Џон Џејкоб Астор, најбогатиот човек во своето време и првиот сопственик на “Empire State Building”, односно сопственикот на земјиштето на кое е изграден облакодерот. Другите двајца биле Исидор Штраус и Бенџамин Гугенхајм, наследник на рудник за злато.
Овие тројца моќници биле трн во окото на банкарските картели, бидејќи се противеле на оснивањето на федерални резерви.
Многу бизнисмени кои ги стекнале своето богатство и моќ не сакале САД да бидат ограбени од банкарските картели. Се противеле на оснивање на Федерални резерви, освен тоа, се верува дека споменатата тројка на моќници со своето влијание се противеле на мешањето на САД во Прва Светска војна.
Астор жестоко се залагал за изолационистичка политика со начелото “America first/ Америка прва” без мешање во туѓи работи, особено европски.
Значи тројката моќници му сметала на банкарските картели, па проблемот кој го создавале требало да се реши. Идеата за совршен злочин била потонување на Титаник.
Ф.Г.