Постојаниот руски претставник во Европската Унија, Владимир Чизов во интервју за “Катимерини” изрази надеж дека договорот помеѓу Атина и Скопје ќе значи стабилност и истакна дека пристапувањето на Македонија во НАТО ќе биди “грешка со последици”.
“Секако, нема да фрлиме нуклеарни бомби… Како што реков, секоја земја има право да одлучува за себе и да ги прави своите грешки. Постојат грешки …. Постојат грешки со последици”, рекол Чизов кога го запрашале за реакцијата на Русија доколку Македонија пристапи во НАТО сојузот.
Русија не се противи на проширувањето на ЕУ, но поразлично е со проширувањето на НАТО, додал Владимир Чизов.