Денеска во центарот на Прилеп, беше откриен споменик на македонскиот револуционер и борец за македонската кауза, Методија Шаторов – Шарло (1897-1944). Споменикот на револуционерот пред присутни, го открија градоначалникот на Прилеп, г-н Марјан Ристески, советникот на градоначалникот на Прилеп, г-н Илија Димоски – Шаторо и Балагој Шаторов, потомци на Методија Шаторов – Шарло, Претседателот на ОО на Сојузот на борците на Р. Македонија, д-р Круме Соколоски и претседателот на Друштвото за наука и уметност, д-р Љупчо Попоски.
[Best_Wordpress_Gallery id=”253″ gal_title=”СпоменикнаШАРЛО”]
„Целиот свој живот, Методија Шаторов – Шарло го посветил на признавање на постоењето на македонскиот народ, горд на секој чекор што е роден во срцето на Македонија, во градот херој, градот на голем број револуционери и борци за слободна Македонија“, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, во своето обраќање, нагласувајќи при тоа дека локалната самоуправа и понатаму ќе поставува споменици и спомен обележја на значајни личности во македонската, односно прилепската историја, се со цел да им се одаде почит и да не се заборават луѓето, кои придонеле за слободен и развоен Прилеп.
Споменикот во бронза на Методија Шаторов – Шарло, поставен во централното градско подрачје, е висок 2,40 м. плус постамент и е дело на скулпторот, Жарко Башески.
По повод откривањето на споменикот на Методија Шаторов – Шарло, во градската библиотека „Борка Талески“, денеска се одржа и Свечена Академија, посветана живо и делото на на револуционерот.