Поставен камен темелник за ново училиште во Прилеп

6

Учениците од населбите Сточен пазар и Жабино маало ќе можат да учат во новата училишна зграда која наскоро ќе биде изградена во населбата Сточен Пазар.
Денеска со мала свечена церемонија беа поставени камен темелите на новото училиште. Парцелата на која се наоѓа објектот е 3.590 м2 со три училници.

На истото место ќе има и канцеларии за персоналот, санитарии за децата и персоналот и влезна партија. Дворното место ќе биде уредено со спортски терени, училници на отворено и простор за одмор.

1

2

3

4

5

Со ваков инфраструктурен зафат ќе им се олесни работата и на родителите и на учениците до петто одделение кои засега пешачат и патуваат со автобус до училиштата, оддалечени повеќе од два километри во една насока. Оваа инвестиција чини единаесет милиони денари средстава од Буџетот на ЕЛС Прилеп.

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека, Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да инвестира во образованието, бидејќи тоа е основата за развој на младата популација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.