дома Регион Кривогаштани ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК ЗА НОВИ КОНАЦИ ВО МАНАСТИРОТ СВ. АТАНАСИЈ ВО ЛОКВЕНИ

ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК ЗА НОВИ КОНАЦИ ВО МАНАСТИРОТ СВ. АТАНАСИЈ ВО ЛОКВЕНИ

04-702x336

Вчера во манастирот Св. Атанасиј во населеното место Локвени, во општина Кривогаштани, беше поставен камен темелник за изградба на нов конак. Со овој свечен чин чиноначалствуваше Митрополитот на Преспанско –Пелагониската епархија Господин Петар, а присуствуваа голем број верници како и градоначалникот на општината, Тони Заткоски.

„Манастирот има доста атрактивна локација со прекрасен поглед на безмалку на цела Пелагонија и со неговата изградба се очекува голем број верници својот духовен мир да го пронајдат токму на ова место. Црквата се градеше околу 4 години, а според најавите се очекува конаците да бидат готови за околу 2 до 3 години, и да имаат капацитет да примат околу 30-тина посетители“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Моментално во тек е и доуредување на внатрешноста на црквата. Инаку големиот број на посетители кои денеска беа во манастирот ја поздравија оваа иницијатива и како што кажаа со нетрпение го очекуваат свеченото пуштање во употреба на новите конаци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


https://sinaboi.desa.id/wp-includes/depo25/

https://scich.org/

https://www.pasiremas.desa.id/