Ресторан со италијанска душа во строгиот центар на Прилеп, угостителски бренд и репрезент на градот под Марковите Кули кој раскажува една поинаква вкусна гастрономска приказна.
Погодувате веднаш, станува збор за LA PIAZZA, пица-ресторанот кој е вкусна навика не само на прилепчани, туку и на секој гостин во нашиот град.
Со цел да излезе во пресрет на сите нивни ценети гости, тимот на ресторанот подготви неодоливо посно мени, кое ќе им се допадне на сите оние кои деновиве до Божик ги поминуваат во пост.
Одлична понуда на риба, тестенини, грилован зеленчук, рижото, посни додатоци и секакви свежи салати…
Ако сте за нешто специјално и несекојдневно за нашето поднебје, опло ви ги препорачуваме ракчињата во црвен и алфредо сос, или маестралните саганаки.
Кој рече дека вистински гурман и вљубеник во добра кујна, не може убаво да се нагости и со посна храна?
Уживајте во секој ден! Тимот на La Piazza ве очекува!


































