Денеска е Свети Никола. Еве два посни рецепти кои се многу вкусни и одлично ќе се вклопат во вашата денешна празнична трпеза.
КНЕДЛИ ОД КОМПИР
Потребни ви се 500 грама компир, 500 грама брашно, малку презла и сол.
1/2 килограми компир да се сварат со лушпа, потоа да се одлупат, посолат и замешаат со брашното. Извадете форми и ставете ги во солена вода. Кнедлите се направени кога ќе излезат на површината на водата. Извалкајте ги во презла и послужете ги како прилог.
ЧОРБА ОД ЗЕЛЕНЧУК
Потребни ви се еден компир, еден морков, кромид, 1 пиперка, 2 литри вода, 1/2 литри сок од домат и зачин
Исчистете ги и измијте ги компирот, морковот, кромидот и пиперката. Полијте ги со водата и варете. Пред крајот додадете го сокот од домат и зачинот.