Последниот МОХИКАНЕЦ: Уште Миле остана во Собрание да го брани СДСМ (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата измама во поновата изборна историја на нашата држава и ги излажаа граѓаните, во секој сегмент. Нивните ноторни лаги излегоа на виделина уште во првите 30 дена од нивното владеење. Ниту ќе има поголеми плати, ниту пак покачување на пензиите, рече денеска пратеникот Миле Талевски во македонското Собрание – кој остана еден од ретките кој жолчно го брани СДСМ и политиките на претходната Влада.

-Првото што го направија ВМРО-ДПМНЕ, е што ја признаа Република Северна Македонија и признаа дека нема да го променат Преспанскиот договор. Потоа ја прифатија преговарачката рамка, за која правеа најразлични скандали, а исто така прифатија и дека ќе го променат Уставот и дека Бугарите ќе ги внесат Уставот. Бесрамно ги излажаа граѓаните дека ќе им ги покачат платите, а сега слушаме дека ќе има намалување на платите. Ги излажаа просветните работници, здравствените работници, вработените во администрацијата, во МВР, во одбраната, рече Талевски.

-Сите инвестиции за кој зборува и ги најави ДПМНЕ, се проекти кои ги започна и договори СДСМ. Исто така излажаа дека ќе ја намалат администрацијата, но првата одлука која ја донесоа со ДУИ, за која велеа дека е криминална партија, е да се прошири администрацијата со 4 нови министри, обвинуваше на денешната седница за избор на замениците министри пратеникот Талевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.