Последната нуклеарна експлозија на Ким ја поместила планината !

Подземната нуклеарна експлозија во Северна Кореја, една од последните во кои го тестираа своето нуклеарно оружје, била толку силна што ја поместила планината. За ова сведочи студијата во која е истражувано влијанието на севернокорејската експлозија од 3 ноември 2017 година.

Тоа било шесто и најголемо тестирање до тој момент во подземниот тунел под планината Мантап, оддалечен 600 километри од Пјонгјанг. Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, изјави дека тоа било успешно тестирање на хидрогенска бомба.

Со помош на сателитски снимки со висока резолуција се добија докази за експлозијата која била 16 пати поголема од атомската бомба во Хирошима во 1945 година. Големата експлозија предизвикала поместување на планината за околу 3 метри.

Истражувањето е објавено во пресрет на средбата меѓу Доналд Трамп и Ким Јонг Ун на 12 Јуни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.