Земјите членки на ЕУ не успеаја да се договорат за отворање на преговорите за членство со Македонија и Албанија, изјави попладнево министерката за надворешни работи на Финска Тити Тупураинен, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
– Прашањето за отпочнување на преговорите ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот кон крајот на неделава, нагласи Тупураинен на прес-конференција во Луксембург по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
Еврокомесарот за проширување во заминување Јоханес Хан. Пак изјави дека „ова не беше најславниот момент на Европа“, додавајќи при тоа дека „значително мнозинство“ на членките на ЕУ ја поддржале препорака за отпочнување на преговорите со двете земји.
Целиот текст прочитајте го ТУКА