После цела ноќ борба со огнените јазици, ставен под контрола пожарот во прилепско, кој се простираше во радиус од 20км – гаснеше и градоначалникот! (ФОТО)

Големиот пожар кон вчера попладнето изби во близина на прилепското село Мало Рувци, утрово е ставен под контрола. Во големата огнена стихија изгореа неколку куќи во селото Мало Рувци, како и трпезаријата од селската црква. За среќа се работи за куќи кои се или напуштени, или нивните сопственици ги користеле како викендици, па нема човечки жртви.

Огнот зафати и огромна површина со трева, а наместа гореше и борова шума. Должината на протегање на огнената стихија беше од Мало Рувци, па се до Канатларци, а огнот опасно се закануваше да се прошири и кон Штавица.

Во гаснењето освен екипи на ТППЕ, се вклучија и повеќемина доброволци, како и вработени во јавните градски претпријатија. Гаснеше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој апелира да не се пали оган во шуми и да престане палењето на стрништа од поединци.

Јовчески информира дека состојбата е сега ставена под контрола и пожарот е целосно локализиран.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.