После Тевдовски од државата си заминува и неговиот поранешен советник

Економистот Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од тимот на екс министерот за финансии Драган Тевдовски, пред неколку дена се пресели во Виена, каде ќе работи како професор економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Во гостување на радио Канал 77, Јовановиќ вели дека од 1 октомври е вработен со полно работно време во Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

„Ќе работам како економист кој ќе го покрива Балканот, пред сѐ Македонија и Србија, но по потреба и други земји… практично цела Источна Европа“ – рече Јовановиќ.

Запрашан дали тој и Тевдовски не биле добри за Македонија, но се добри за Вашингтон, односно за Виена (Тевдовски неодамна се пресели во Вашингтон), Јовановиќ одговори:

„Било што било, треба да гледаме напред. Се разбира дека ако изминатите две-три години работите се одвиваа онака како што требаше, јас се уште ќе бев во Македонија, а веројатно и Тевдовски. Но, не може да го вратиме времето, мора да гледаме напред“, изјави Јовановиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.