Под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ, во текот на овој викенд како и на самиот почеток од следната недела, температурите во државава значително ќе се покачат и ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.
Истите ќе бидат повисоки дури и за околу десетина степени, па така особено во недела и во понеделник, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.
Меѓутоа и покрај ова по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, па токму на местата со магла температурите на воздухот ќе останат нешто пониски.
Времето ќе биде претежно сончево, повремено со умерена облачност, а особено на запад ќе дува и слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.
Брз продор на влажен и студен бран очекуваме ноќта кон понеделник, кога ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините.
Услови за слаби локални врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места, а токму ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец и значителен пад на температурите на воздухот.