„После овие снимки во оваа влада веруваат само Марјан Забрчанец и другар му Петрит“ – Kуновска и Ристиќ распалија по власта

Се побројни се реакциите на граѓаните во јавноста по објавените видео снимки за изнудениот рекет од страна на Боки 13 врз бизнисменот Орце Камчев.

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Софија Куновска и порача на власта магла.

-ПР тимот на СДСМ волку ли смисли по повод целава сапуница.

Кој со кого се гледал?!
Притоа тие што се гледаат ниту ги плаќаме ниту е забрането да се гледаат.

Аут оф фокус или магла по нашки.

Не се држат пресови за опозиција туку се покренуваат соодветни постапкин ако некој прави нешто недозволено, драги мои, стои во нејзиниот пост на Фејбсук.

Исто така актерката Ирена Ристиќ сподели статус во кои вели дека после овие снимки во оваа влада веруваат само Марјан Забрчанец и другар му Петрит.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.