После 40 дена продолжуваат ракометните возбудувања: Прилеп вечерва домаќин на Тиквеш

По 40 дена пауза продолжува првенството од основниот дел на Супер лигата.

Екипата на РК Прилеп во 17. коло е домаќин на кавадаречки Тиквеш. Дуелите на двата ривала речиси секогаш се изедначени, па тоа не е исклучено да биде и на овој меч, иако гостинскиот состав ја има фаворитската улога со 6. место од табелата и 25 бода, наспроти домашниот на 9. со 15.

Од младиот прилепски тим може да се очекува отпор, со оглед на добро одработените подготовки низ серија пријателски средби која заврши во Лесковац.

Вечерва во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ судии се Методија Илиевски и Михајло Илиевски, делегат Игор Огненов, сите од Битола.

Натпреварот вечерва од 19 часот може да се гледа на овој линк:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.