После 3 кола Победа запиша цели 3 бода – Успешно деби за тренерот Николоски

Ако на гости оди тешко, на домашен терен црвено-белите се супериорни, а така беше и денеска во дуелот со Детонит Плачковица, кој победашите го добија со 2:0 и по три кола запишаа цели три бода.

Филип Стомнароски донесе рано водство за Победа во 5-тата минута, при една мешаница пред голот на Детонит, а така беше се до 39-та минута, кога Алекс Константино Горгиовски упати еден одличен волеј удар за 2:0.

Гостите дојдоа во Прилеп како третопласирани и имаа голем број шанси до крајот на натпреварот, но за среќа на домашната публика ниту еден од тие удари не заврши во мрежата на Иван Николоски. Неговиот татко пак, Јане Николоски, имаше успешно деби, откако минатата недела повторно се врати на клупата да ја води прилепската екипа.

Победа сега е деветтопласирана со 11 осовоени бода, а во наредното коло прилепчани гостуваат кај Кожув во Гевгелија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.