После 13 години заедно се разведе една од најпознатите македонски двојки

Поранешниот македонскиот кошаркарски репрезентативец и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица, не се повеќе во брак, дознава порталот “ЖЕНСКИ МАГАЗИН”.

Ружица која е основач и главен и одговорен уредник на магазинот „Портрет“, на „Инстаграм“ веќе го промени и презимето.

– Разводот е веќе официјализиран, а по 13 години заедница, остануваат во коректни односи поради трите сина – ни открија блиски пријатели на познатата двојка – додаваат од порталот.

Извор: “zenskimagazin.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.