Посета на заменик амбасадорот на Австралија за Србија, Црна Гора и Македонија и почесниот конзул на Австралија на Центарот за иновации и развој ИНОС

Центарот за иновации и развој Инос од Прилеп на 22 Мај 2023 година имаше чест да ги пречека заменик-амбасадорот Фил Андерсон од Австралиската амбасада за Србија, Македонија и Црна Гора и почесниот конзул на Австралија Зоран Костовски. Нивната посета беше во рамките на проектот “Pelagonija Rural Woman Training” што го реализираше ИНОС со поддршка на Австралиската амбасада.

За време на средбата беа презентирани резултатите и препораките од проектот фокусиран на зајакнување на руралните жени и поттикнување на социо-економскиот развој во Пелагонија.

Заменик-амбасадорот Андерсон и почесниот конзул на Австралија Зоран Костовски покажаа голем интерес и благодарност за достигнувањата во рамките на проектот, препознавајќи го позитивното влијание што органзиацијата го направи во заедницата. Исто така, средбата беше одлична можност да се разговара за идните иницијативи и стратегии за понатамошно унапредување на развојот на регионот.

За време на средбата присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески. Присуството на градоначалникот Јовчески овозможи директно да бидат презентирани препораките и наодите од проект, нагласувајќи ја важноста од нивно интегрирање во развојот на идните политики и стратегии за регионот. Исто така се разговараше и за можноста за збратимување на град Прилеп со некои австралиски градови.

Дополнително, две и жени и членки на организацијата Feel Krusevo кои учествуваа на обуките ги споделија своите инспиративни искуства. Нивните приказни послужија како доказ за важноста на зајакнувањето на жените од руралните области.

Од Ценатрот за иновации и развој ИНОС упатуваат срдечна благодарност до Австралиската амбасада за нивната континуирана поддршка и доверба во организацијата, верувајќи дека заедно и посветено може да се поттикант позитивни промени и да се создаде посветла иднина за жителите на Пелагонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.