Посветеност, упорност и одлична координација, гарант за беспрекорна образовна клима: Интервју со Трајче Каралиоски директор на ООУ “Гоце Делчев”

Основното општинско училиште “Гоце Делчев” од Прилеп  е еден дел од успешната приказна што значи 10 милиони евра вложување во образованието во Општина Прилеп во изминатите 10 години. Од запоставено, без инвестиции, училишната зграда беше во постојано пропаѓање и влошување, а образовната клима за учениците и вработените беше неповолна. Со доаѓањето на раководната позиција на директорот Трајче Каралиоски и успешната соработка со Локалната самоуправа на Општина Прилеп, како и беспрекорната координација на вработениот наставен кадар, но и соработката со родителите и учениците, училиштето доби нов лик и нов елан за работа. Низ разговор со директорот дознаваме што се е вложено во училиштето и кои се идните планови и приоритети.

13012703_10201754842549984_2312583720635215042_n

Пред вашето назначување како директор, работевте како наставник од прво до четврто одделение и бевте ценет помеѓу учениците, пофален  кај родителите и одличен педагог. Во изминатите 10 години имате чест да го водите ООУ ”Гоце Делчев”, што се измени и што доби училиштето во изминатата деценија?

Како наставник ме исполнуваше работата со учениците , исто така имав прекрасна соработка со родителите, со колегите, со стручната служба. Раководењето со училиштето ми беше голем предизвик, пред да ја превземам функцијата директор уште како наставник со успех го положив менаџерскиот испит за директор кој ми беше солидна основа во справувањето со предизвиците во работата. Секако многу ми значеше и сеуште ми значи и ми е од голема помош соработката со стручната служба и воопшто тимската работа со сите вработени во училиштето.Поддршката од родителите ја имав од првиот ден, па се до ден денес. Кога на тоа ќе му ја додадеме безрезервната поддршка од Локалната самоуправа, градоначалникот, советникот за образование, советниците и службите во општината , тоа е клучот на успехот. Денес, училиштето е целосно реновирано, реанимиран е и продолжениот престој, условите за учење и настава претставуваат стимулативна средина која овозможува да се реализираат цели на современ воспитно-образовен процес, кој вклучува голем број на наставни и воннаставни активности.

Локалната самоуправа на општина Прилеп постојано вложува во образованието и квалитетот на наставата во училиштата. Како се одвива вашата соработка со општинските власти и на какво разбирање наоѓате кога се работи за приоритетите од  интерес за училиштето?

Со превземањето на училиштата од страна на општината, училиштата се препородија. Бевме посетувани од градоначалникот Марјан Ристески, советникот за образование Марјан Матракоски со несебичната помош на одделенијата во општината, не советуваа и ни излегоа во пресрет на многу наши барања кои се однесуваа на поголем квалитет во образованието. Со реализација на голем број инфраструктурни проекти и проекти за континуирано професионално усовршување на наставниот кадар преку МОН на Р.Македонија и БРО. Исто така беа реализирани и проекти со кои се опремија училиштата со дидактички помагала и материјали за изведување една современа настава.

Реализирани се поголем број развојни цели кои произлегуваа од самоевалуацијата на училиштето и тоа:

  • Осовременување на наставно-воспитниот процес
  • Перманентно стручно доусовршувањена наставниот кадар
  • Унапредување на соработката со родителите
  • Подобрување na инфраструктурните услови за работа на училиштето
  • Преземени се голем број на активности за реализација на целите. Би истакнал некои од нив :
  • Опремување на училиштето со инвентар за потребите на активна настава-интерактивно учење
  • Унапредување на условите за примена на ИКТ во наставата
  • Збогатување на наставата со современи дидактички средства и помагала
  • Збогатување на училишната библиотека со книги и друга стручна литература
  • Збогатување на нагледноста во наставата за деца со посебни образовни потреби
  • Унапредување на услови во училницата за реализација на цели на проширена програм
  • Примена на современи пристапи и стратегии во наставата
  •  Ефективна примена на прашања со различни нивоа на сложеност во наставата
  • Унапредување на сознанија за изготвување на тестови на знаења
  • Унапредување на диференцираниот приод во наставата
  • Унапредување на читањето со разбирање
  • Унапредување на планирањето и оценувањето
  • Учење преку проектни активности
  • Унапредување на вклучување на учениците во воннаставни активности
  •  Индивидуален образовен план – унапредување на планирањето на работа со деца со посебни образовни потреби
  • Идентификација и педагошко водење на надарени деца
  • Унапредување на процесот на примена на ИКТ во наставниот процес
  •  Интегрирани планирања и активности
  •  Унапредување на вештини за интеракција и комуникација
  • Унапредување на услови и активности на ученици со различни способности,едукативно и социјално минато
  • Унапредување на комуникацијата на учениците преку почитување на различноста
  • Зголемување на учеството на родителите во процесот на планирање и реализација на воспитно-образовни цели
  • Збогатување на формите на информирање на родителите за напредокот и постигањата на учениците
  • Унапредување на комуникацијата семејство-училиште
  • Реновирање на спортски терени во училишниот двор во матичното и подрачното училиште
  • Реновирање и опремување на матичното училиште (кинеска донација )која опфати:промена на столарија(врати и прозорци), подови, клупи и столчиња, табли, промена на олуци и комплетен молерај.
  • Реновирање на влезни скали преку ЛС Прилеп.
  • Реновирање на делови од подрачното училиште
  • Естетско доуредување на парк во училишниот двор
  • Отворање на тениско игралиште во училишниот двор
  • Балон сала

14800945_10202497281510494_1679374232_n

Кои  се моменталните потреби на училиштето и што се предвидува со програмата за работа на Општина Прилеп за понатамошно подобрување на условите  во ООУ “Гоце Делчев”?

Моментални потреби на училиштето се:

  • Подобрување на услови во санитарни јазли во матичното и подрачното училиште
  • Подготовка на училница во училишниот двор за потребите на одделенска настава
  • Изградба на ракометно игралиште во училишниот двор
  • Обезбедување на техничка вода во училишниот двор
  • Хортикултурно доуредување на училишниот двор
  • Унапредување на услови во училишната зграда за потреби на деца со ПОП
  • Збогатување со нагледност за потребите за реализација на програмите по Кембриџ од прво до деветто одделение.

Teшко ли е да е “диригира” со еден така поголем “оркестар” на вработени и како ја диктирате и координирате нивната работа?

Работата на директорот е комплексна со многу предизвици и да бидам реален не е воопшто лесна, меѓутоа правилното екипирање, отворениот и  искрен однос кон сите чинители на училишниот живот, вродуваат со плод . Со заеднички сили изградена е една визија која ја реализираат секојдневно учениците, наставниците,  родителите и сите вработени во училиштето, потпомогнати секако од Локалната самоуправа, МОН, БРО и ДПИ. Со постојана присутност во училиштето, без разлика дали е учебна година, или летен распуст, резултатите не изостануваат и тие даваат стимул за уште поголеми ангажирања.

 

14813718_10202497281750500_1784907871_n

Што е тоа што ве прави особено горди, а сте го постигнале со вашата работа и ангажман  на раководната позиција во училиштето?

Училиштето ја доби највисоката оценка на интегралната евалуација од страна на државниот просветен инспекторат,  од Локалната самоуправа Прилеп ја доби 3-то Ноемвриската награда и два пати беше избрано за “Најучилиште” преку локалниот весник „Зенит“.

14801058_10202497281150485_2081284789_n

Климата за работа во училиштето е многу позитивна како и мегусебната соработка и поддржување на сите вработени во училиштето

Бројот на добиени индивидуални и групни први, втори и трети места во последниве три години е скоро  100. Повеќе од 300 ученици да се радуваат на овие награди, е показател за успешен процес на поддржување на учењето на учениците. Бројот на освоени места на општински и регионални натпревари во истиот период е поголем. Забележливо е дека се зголемува бројот на наградени ученици од природната група предмети, а исто така и наградите на мегународен план.

Каква е бројката на запишани првачиња во училиштето и дали сте задоволни од истата, односно дали бројот на првачиња расте или опаѓа?

Самиот показател дека во последните три години во училиштето, во согласност со бројот на запишаните ученици, продолжува започнатиот тренд запишување на 96 деца или  4  паралелки, укажува на тоа дека училиштето има стабилна уписна политика. Бројот на првачињата последните три години е константен и се движи по нагорна линија.

14797408_10202497284390566_1563770161_n

Кои се вашите лични желби, како би сакале некогаш да го оставите  училиштето?

Моите лични желби во однос на иднината на училиштето: би сакал како и досега ученикот да биде во центарот на збиднувањата во училиштето и сите активности што се превземаат и што би се превземале секогаш да бидат во интерес на учениците. Да имаме убаво естетски дотерано училиште, опремено со современи наставни помагала, добро одржани и максимално искористени спортски објекти, опремени кабинети, убаво среден училишен двор, наставен кадар кој секојдневно се надоградува, со тимска работа и посветеност заедно со стручната служба секогаш и максимално ги користи сите расположиви ресурси и реализира една современа настава во интерес на учениците.

Освен директорската функција, се занимавате и со музика, како ве држи таа опсесија и дали сеуште наоѓате време за настапи, нови песни, снимање….?

Музиката од секогаш беше и е мој сопатник во животот, позитивната енергија ја црпам од неа, ми причинува задоволство кога пеам и гледам расположени и распеани луѓе по било кој повод. Ги слушам сите жанрови од сериозна до изворна народна музика и поддеднакво уживам во неа. Предизвик ми е препевањето на изворни народни песни на мој начин.

Училишната химна е  моја идеја и од мои зборови е напишан текстот и музиката со помош на професионалци. Химната  е стимул за постигања на високи резултати во ВОП, стимул за градење почит кон патронот, развивање на патриотски чувства, како и чувство на припадност кон институцијата.

За крај една порака до вашите ученици и до вработените во ООУ “Гоце Делчев”-Прилеп.

Достојно  да го носиме името на патронот Гоце Делчев, да продолжиме како и  досега по патот на успехот. На нашите ученици нивните остварувања во училиштето да им бидат силна основа за понатамошно образование и изградување во одговорни и успешни граѓани, да бидат гордост на нивните семејства и нивните наставници и идни градители на нашиот град и нашата држава Р.Македонија.

14798817_10202497280870478_90253152_n

14801193_10202497280510469_79242296_n

Подготви: Александар Георгиоски

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.