Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов уште еднаш повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно да се извини за тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во истражниот затвор „Шутка“.
– Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеа вчера и за провидниот театар пред болницата „8-септември“.–рече Костадинов.
Инаку, за вчерашниот настан одговорност беше побарана и од делегацијата на Европската Унија, како и од најбројната партија во Европскиот Парламент, Европската народна партија.