Онака како што ја завршуваат старата година – со музика, полни маси и искрена радост – така ја започнуваат и Новата 2026 година.
Во годината во која Порта прослави 22 години постоење и исто толку години градење традиција, вкус и доверба, ресторанот испиша неверојатни 365 дена исполнети со најдобра понуда, многу изненадувања и секако уживање во неповторливиот амбиент и најдобрата кујна во градот.
-22 години во кои создававме спомени, славевме моменти и градевме место што за многумина не е само ресторан, туку дел од нивните најубави приказни. Веднаш по Новогодишната ноќ, продолжуваме со уште повеќе музика, уште повеќе позитивна енергија и атмосфера по која Порта е препознатлива. Со врвна кујна, посветен тим и желба секоја вечер да биде доживување, а не само излегување – велат од менаџерскиот тим на ресторанот.
За сите што знаат да уживаат, за сите што ја сакаат добрата храна и живата музика, за сите што веруваат дека традицијата не старее – таа само станува подобра.
Веќе првата вечер (01.01. петок) од Новата година ви закажуваат незаборавен помин со група “Марифет”
А во сабота (02.01.) се знае, време резервирано за денска забава со неповторливите Тиана и Дани – девојките кои не воодушевуваат со секој следен настап.
2026 започнува во Порта, таму каде што добрата приказна продолжува.
Резервирајте навреме на тел.бр. 078 368 111
Ресторан “Порта” ви посакува Среќна Нова 2026 година, година исполнета само со убави моменти, многу радост и добро здравје!
Наздравје!
























