Поранешниот министер Петар Атанасов од СДСМ: “Делчев е Македонец и ништо друго”

Поранешниот член на СДСМ и поранешен министер за образование и наука Петар Атанасов преку пост на Твитер пишува дека Гоце Делчев и во политичка смила и како државен симбол по националност бил Македонец.

-И во политичка смисла и како државен симбол Гоце Делчев по националност е Македонец. Со кој памет некој се обидува да преговара за неговиот етнички идентитет за кој во науката се знае дека има и објективни и и субјективни елементи.

Таа тема не смее да биде на дневен ред!, пишува на Твитер Атанасов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.