Поранешна пратеничка вечерва стана В.Д. директор на една агенција: Министри и заменици за Прилеп се мисловна именка?

Владата на денешната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на кopoнавирусот KOBИД-19, како и повеќе кадровски промени

Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.

Беше заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.

Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест КОВИД-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила.

Владата на денешната седница ја прифати оставката на Бајрам Ѓулиовски и го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви, на негово барање.

Владата ја именуваше поранешната пратеничка од Прилеп, Кети Смилевска за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за стоковни резерви.

Владата донесе Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на негово барање.

Владата ја прифати оставката на Александар Младеновски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, на негово барање и го разреши Никола Шалваринов од должноста директор на Агенцијата за иселеништво.

На денешната седница беа донесени и одлуки за именување на Слободан Близнаковски за директор на Агенцијата за иселеништво и Иљми Селами за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за статистика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.