Поранешниот НХЛ хокеар на Тампа Беј, Мајк Ангелидис, кој е Македонец по потекло на својот Твитер профил напиша дека е шокиран што Западот ја присилува Македонија да го промени своето име и идентитет со цел да ги задоволи апетитите на друг народ.
I’m a Canadian Macedonia who is shocked that the west is forcing Macedonia to change its name and our identity in order to appease other people. Calling on high-profile Macedonians to use their influence to demand international support for our human rights. Our Name Is Macedonia
— Mike Angelidis (@MikeAngelidis) October 26, 2018
„Јас сум канадски Македонец, кој е шокиран од тоа дека Западот ја присилува Македонија да си го смени своето име и нашиот идентитет за да задоволи друг народ. Ги повикувам високопрофилните Македонци да го употребат нивното влијание за да побараат меѓународна поддршка за нашите човечки права. Нашето име е Македонија“, твитна некогашниот хокеар на НХЛ-лигашот Тампа Беј.