Поранешен градоначалник на СДСМ во прилепско јавно повика да не се гласа за партијата: “Златна партија ја претворија во дувло на криминал” (ВИДЕО)

Поранешниот градоначалник на СДСМ на Кривогаштани, Рубинчо Шефтероски јавно го искажа своето незадоцолство и револт, а сега јавно ја напушти партијата.

-Не можам да ја препознаам партијата од чии редови бев градоначалник и од чии редови се борев за Македонија да биде подобро место за живеење. Ова не е СДСМ во кое јас верувам. Златна партија ја претворија во дувло на криминал, рече тој.

Посочи дека со СДСМ целосно е изгубено достоинството на Македонците.

-Јас го замрзнувам членството и си заминувам од СДСМ и ги повикувам сите членови да го напуштат членството. Овој пат, СДСМ не заслужува да победи, рече тој




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.