Порака од жените прилепчанки за “ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА” Денес од прослава идиме пред “ЛИПА” (ВИДЕО)

_MG_0153

Денеска во Прилеп околу 270 жени членови на неколку пензионерски здруженија и жените од женската организација “Преродба” го прославуваа “Осми март” меѓународниот ден на жената.

На нивната заедничка прослава тие му приредија топло  добредојде со песна на градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески и порачаа: “Денес од прослава идиме пред “ЛИПА”, каде ќе ја поддржат иницијативата “За заедничка Македонија”.

Градоначалникот им го честиташе празникот и им посака здравје, среќа, љубов, како и понатамошна  поддршка за Здружението на пензионери од Прилеп.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.