Дури 32% од луѓето во Германија кои се занимаваат со нега на стари и болни лица, размислуваат да ја променат професијата, покажува најновата анкета.
Ова е лош податок за општество на кое му недостигаат најмлаку уште 100 илјади негуватели. Според најцрните проценки, за само неколку години ќе недостигаат и 200 илјади.
“Мораме по секоја цена да го запреме одливот на луѓе”, вели Гернот Маркс, претседател на Здружението на интензивна медицина.
Последниве неколку години недостатокот на луѓе се надохнадува со “увоз” на болничари од Балканот, Мексико и Филипините. Повеќе од 50.000 луѓе од Западен Балкан работат како негуватели.