Откако се појави iPhone 7 на пазарот, многу корисници се жалат зошто нема стандарден 3.5мм влез за слушалки, а TechRax од Јутјуб на духовит начин покажа како може да се направи овој влез.
Тој снимил како со бургија самиот прави дупка, а според бројот на негативни коментари, очигледно е дека некој сериозно го сфатил ова.
TechRax има повеќе од пет милиони следбеници на Јутјуб и е доста популарен кога станува збор за интересни снимки со „паметните“ телефони.
Видеото во кое прави влез за слушалки го погледнале скоро 10 милиони пати.
Погледнете го видеото…