Попоски: Kpиминал во Прилеп нема, а “тypбо” се гpaди патот Прилеп-Градско (Видео)

Синоќа на истово ова место, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одржаа партиски митинг, при што на виделина излезе безидејноста и очајот во кој се наоѓа најголемата опозициска партија – истакна на денешната прес конференција портпаролот на ОО СДСМ Прилеп, Филип Попоски.

“Во деновите кога комплетното поранешно државно и партиско раководство на ДПМНЕ, чиј најблизок соработник беше токму Мицкоски, е осудено на повеќегодишни затворски казни заради пљачкосување на сопствената држава, тој бесрамно зборуваше за борба со криминалот и корупцијата.

Марионетата на унгарскиот бегалец вети изградба на автопат од Велес до Меџитлија, во моментите кога во полн ек е изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и кога Владата на СДСМ веќе го најави автопатското решение од Прилеп до Битола”, истакна меѓудругото Попоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.