Поранешната пратеничка и претседателка на политичката партија ДОМ, Лилјана Поповска, синоќа гостуваше во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.
Поповска зборуваше на тема Преспански договор и што е тоа што ја натерало да гласа за промената на државното име. Во еден момент таа стана емотивна и почна и липаше додека зборуваше.
“Тоа е најголемата траума во мојот живот и додека сум жива јас нема да можам да се ослободан од неа. Се надевам дека ќе доживеам да се откорне таа лепенка што беше ставена на името и сите тие глупости коишто влегоа во тој договор. Гласавме за глупости, за еден надвор од умот договор којшто не знам како бил договаран, не знам зошто бил договаран”, истакна Поповска.