Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Попладнево претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Од утре претпладне и во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер и тогаш температурите повторно ќе бидат пониски (за три до пет степени). Од понеделник следува период на постабилно веме со постепен пораст на температурата.