Битолчани со огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Широк сокак вечерва беше претесен да ги собере граѓаните кои се незадоволни од политиките на власта.
Инаку, Мицкоски денес беше во посета на Битола, при што се сретна со голем број на граѓани.
Пред присутните посочи дека власта соочена со пораз веќе започнала со заканите, уцени и притисоците, и затоа побара од битолчани да не попуштаат, затоа што, како што рече, деспотот е на колена и месеци се во прашање кога практично ќе им дојде крајот.