Попишувачите ќе бидат упорни: Ќе ве бараат додека не ве најдат дома

Доколку попишувачот на точната адреса не најде никој од семејството дома, тој има обврска да остави белешка, кога точно повторно ќе дојде на таа адреса, а тоа може да се случи и три или четири пати. Бидејќи работното време на попишувачите е од 08 до 20 часот, поради тоа препорачуваме лицата кои треба да бидат попишани на истата белешка да остават точна саатница кога ќе бидат дома за попишувачот да дојде. Во минатото во ваква ситуација, попишувачот оставаше белешка по што попишуваните лица требаше да јават во локалната канцеларија за попис, но овој пат не е така , изјави за Плусинфо директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Тој потенцираше дека речиси 30 проценти од граѓаните не живеат на адресите кои им се во личната карта, поради нивни лични причини. Но, сепак попишувачите ќе имаат обврска да ги лоцираат и да го спроведат пописот на адресата каде што можат да ги најдат или тоа ќе го стори некој друг попишувач.

– Како што повеќе пати информиравме, ќе спроведеме комбиниран начин на попис со користење на податоци од неколку регистри, па така попишувачите според матичниот број ќе имаат увид кое лице каде има адреса на живеење. Доколку на таа адреса не живее никој, тогаш попишувачите ќе ги лоцираат и ќе го извршат пописот – вели Симовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.