Случувањата во првиот ред за време на погребот на 41 претседател на САД, Џорџ Буш постариот, набрзо станаа “врела” тема за американските медиуми.
Распоредот на седење бил таков што Меланија и Доналд Трамп требало да седат покрај своите претходници во Белата Куќа, Барак и Мишел Обама.
Но, во моментот кога пристигнале, претседателот на САД одлучил кратко да се поздрави со Обама, а притоа потполно ги игнорирал Клинтонови, кои исто така седеле во првиот ред.
Трамп ја оставил Меланија да го “испочитува протоколот”, а тој се зафати со соблекување на капутот. Потоа му пружи рака на Брак Обама, а потоа и на Мишел и веднаш си седна на своето столче.
Погледнете:
#Trump ignores the #Clintons at #Bush 41’s funeral pic.twitter.com/xdG95osNYq
— RT (@RT_com) December 6, 2018